Menu
фото: Гаврило Миловановиќ
Со своето повеќедецениско музичко творештво зад себе, Горан Трајкоски денес е една од музичките одредници не само во Македонија, туку и во регионот, а негова публика, иако не многубројна (но верна), ќе најдете и низ Европа и кон Исток. Од почетните, т.н. младешко-бунтовнички импулси со панкот, низ себепотрага и растеж во повеќе музички групи, кои среќно го одведоа до долгогодишниот длабински увид во океанот на македонското музичко наследство и резултираа со големите универзални дострели на Падот на Византија и особено Анастасија, кои потпомогнати од неговиот вокал отворија вонвременски портал во пластовите македонски национален, духовен и естетски идентитет.
Потоа, преку звуковно радикалниот „Ноктурнал“, и преку творечкиот и пејачкиот удел во силниот, антиглобалистички ангажиран (во идејно-концептуална смисла,) албум „Кобна убавина“ на Мизар, концепт жестоко антидистописки/антиполитички надграден во ретро-кабаретскиот музичко-сценски дизајн на „Циркус Еуропиа“, и низ децениското паралелно создавање театарска музика, изродувајќи некои од неговите најубави композиции, за потоа пак да не’ втурне во наследството, отклучано и пак заклучано во „Биоскопија“.
Сета оваа заднина генерално учествува и во последните два (соло) албуми, „На светов убавини“ и „Тешкиот глас на новите химни, се’ до денес, кога по се‘ всушност веќе и не е најважно тоа кој музички жанр или правец практикува, туку она што душата на композиторот искрено го распостила пред нас за да не’ допре некаде подлабоко од лажливите дневни сензации на умот. И секогаш авангардно.
Следствено, речиси е невозможно целосно да се согледа неговото музичкото влијание и наследство, не само затоа што е големо и распослано на поширока територија, туку и затоа што и самиот тој не се грижи многу за тоа, а и не е приоритет на оваа интернет страница. Важното е дека Горан не направи компромис, не не’ предаде, не се продаде на оксиморонот наречен музичка индустрија, естрада, или штогоде поп-комерцијализација. Доследен на своите идејно-концептуални ангажмани е и во „Тешкиот глас на новите химни“, за што, меѓу другото, сведочат и текстовите, па и игривата конзистентност со „незадоволството како естетска категорија“ преку две панк нумери, во албум кој е убедлива потврда на досега реченото за неговата музика.
Творештвото на Горан е бескомпромисно и не флертува со евтини трикови, туку продолжително стреми пругоре, кон вистинското облагородување на духот и страстите, што е и главната цел на музиката, така како што ја разбираме. И не само затоа што во неговата музика има литургиски елементи, туку таа во многу нешта треба да се третира како еманација на една високо естетизирана духовност, која авторот и со своите човечки доблести и уметнички дарби успева толку долго да ни ја пренесува. Оние што мислат дека неговата музика била тешка, та дури мрачна, всушност никогаш и не ја слушнале, а уште помалку го почувствувале вознесот на нејзината комплексна структура и спектралната, когнитивна чувственост.
Со свои зборови: „Никогаш не сонував за големи стадиони со подигнати раце, ниту за преполни плоштади над кои се подигаат прашина и здив на алкохол измешан со ферментирани испарувања на човечката утроба. Наспроти оваа слика, кога бев малечок секогаш замислував слика на некој мал или средно голем клуб, театарска или кино-сала, а некаде во дванаесетиот ред, или можеби во ќошот од вториот ред на бината, некој да си каже самиот на себе: отсега ќе бидам поинаков, подобар човек“.
Вистинскат уметноста има моќ да не’ направи подобри личности. Горан Трајкоски веќе долго време ја пее својата песна, некогаш длабока, некогаш остра, радикална и експериментална, некогаш минималистичка, или полифонична, некогаш тажна, неискажливо нежна, љубовна и сочувствена, висока, и секогаш автентична и инспирирана од најблагородни човекови побуди, олицетворени во она за што во принцип, ако сме искрени, и не може многу да се зборува или пишува – чистата музика, кон која Горан патува тивко, а сепак громогласно, заедно со возвишеноста на креативното духовно постоење во неговата најсилна еманација: убавината, макар и кобна. На светов убавини.
Крум Велков
1 – Како смртта умира, 2 – Глас од татковината, 3 – Кога робовите проповедаат слобода, 4 – Тапија на немоќта, 5 – Очи црни ископајте, 6 – Бессмислата на историјата, 7 – Слободен и мој (киднапирана револуција), 8 – На светов убавина, 9 – О гордост, 10 – Време – невреме
Сеад Хаџиќ – Сецко, гитара Благоја Неделковски, гитара, Игор Василев – Новоградска, бас, Петар Христов, саксафон, Димитар Димовски, тапани Горан Трајкоски, вокал, гитара, програмирање Снимено миксувано и продуцирано во “Тра-ла-ла” студио од Димитар Димовски и Горан Трајкоски Дизајн – Ѓорески, Благодарност до Климе Ковачески, Јован Наумоски, Љупчо Стевановски. Издавач М.К.Ц ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР кеј Димитар Влахов бр. 15-МК – 1000 Скопје тел. + 389 2 3115225 факс0+389 2 3115508, www.mkc.mk, info@mkc.mk
купи го албумот
Полиграм, 1994
Поета Негра, 1994
Либра Мјузик, 1997
Трето уво, Либра Мјузик, 1998
Издавач: Авалон Продукција/Далас Рекордс 2004
“Circle Of Neon Stars”, електронско издание, 2007
слушни го албумот
„Порта Македонија” – Премиум Рекордс, 2008
Биоскопија-СЏФ, 2011
МНТ 2017, Македонија
2019/2020 Winter Live Shows
“Скомраси апсурдистански“, музика од филмот “Ругање со Христос“, февруари 2019
Лето 2018
ДРИМОН Фестивал, 27 јули, 2018, Струга, Македонија
Д-Фестивал 6 јули 2018, Дојран, Македонија
М.К.Ц. 15 декември 2017
фото: Сашо Димоски
фото : Сашо Димоски
фото: Деа Фирлих
фото: Беата Борковска (насловна страна)
Оrder a CD on mail corpus@t-home.mk
scrool